среда, 22 јули 2026

Рубио: Поставени се основите за „многу позитивна посета“ на претседателот на Кина во САД

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека во разговорот со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји се поставени основите за „многу позитивна посета“ на претседателот на Кина, Си Џинпинг, на Вашингтон во септември.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Рубио, кој е во Манила за време на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија – АСЕАН, изјави за новинарите дека Вашингтон и Пекинг имаат разлики, но дека нивна работа е да спречат тие разлики да излезат од контрола.

Разговорите траеле околу 90 минути, а Рубио изјави дека немало дискусија за тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина се мешала во изборите во САД, што Пекинг го нарече „чиста измислица“.

Рубио додаде дека со Ванг разговарал за Тајван и трговијата и оцени дека е важно двете земји да можат да разговараат, без оглед на разликите, пренесува Ројтерс.

„Би било неодговорно и непромислено САД и Кина да немаат никакви односи, со оглед на влијанието што нашите земји го имаат врз глобалната економија и светот“, заклучи Рубио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ