среда, 22 јули 2026

Трамп се заканува: САД ќе уништуваат мост или електрана секојпат кога Иран ќе нападне брод во Ормускиот Теснец

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес повторно се закани дека ќе ја нападне иранската инфраструктура, велејќи дека САД ќе „бомбардираат и уништат мост или електрана“ секојпат кога Техеран ќе нападне брод во Ормускиот Теснец, објави новинската агенција Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Од овој момент, секојпат кога Исламската Република Иран ќе отвори оган врз брод во Ормускиот Теснец, без разлика дали со ракета, дрон или какво било друго средство или оружје, Соединетите Американски Држави ќе бомбардираат и уништат ЕДЕН МОСТ ИЛИ ЕЛЕКТРАНА, вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат во близина или во главниот град Техеран“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушл.

САД и Иран ги засилија нападите откако пропадна привремениот договор за прекин на огнот потпишан минатиот месец, додека борбата за контрола на Ормускиот Теснец се интензивираше, зголемувајќи го ризикот од враќање на целосни непријателства, според Ројтерс.

Агенцијата, исто така, наведува дека некои експерти за меѓународно право и светски лидери ги критикувале заканите на Трамп за напаѓање на иранските мостови и електрани, сметајќи ги за нелегални според меѓународното право, кое забранува напади врз цивилни цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ