среда, 22 јули 2026

Заврши 17-тото Патувачко кино на „МакеДокс“- проекции на документарни филмови во шест населени места

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја киновечер понуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат дијалог.

Објавено на

часот

Сподели

Патувачкото кино не се само проекциите, туку и средбите пред и по филмот, разговорите што продолжуваат откако ќе се изгасне проекторот и приказните што се пренесуваат до следното место.

„Со успешно реализирани проекции во Неготино, Пепелиште, Демир Капија, Долни Дисан, Негорци и Гевгелија, го заокруживме 17-тото издание на Патувачкото кино на МакеДокс. Посетеноста и прекрасната атмосфера на сите локации уште еднаш го потврдија интересот за гледање документарен филм на големо платно. Им благодариме на сите локални партнери, домаќини и на публиката што беше дел од ова патување. Сега го насочуваме вниманието кон 17-тото издание на фестивалот МакеДокс, кое ќе се одржи од 20 до 27 август во Скопје“, истакнуваат од екипата на „МакеДокс“.

Screenshot

Од 10 до 17 јули, караванот на Патувачкото кино помина низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го однесе документарниот филм на големо платно со проекции под отворено небо во места каде што ретко има можност да стигне.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ