среда, 22 јули 2026

О2 Иницијатива : Има ли некој во Охрид да постапи?

Плажите во Охрид под концесија не ги почитуваат ни препораките на УНЕСКО, ни договорите за закуп. Според  препораките и договорите, 50% од просторот треба да е оставен слободен, без лежалки и друга опрема.

Објавено на

часот

Сподели

Но Канео и Потпеш се лежалка до лежалка, со бетонирани ѕидчиња и слично. Ни инспекција постапува, ни градоначалникот Пецаков се потресува. Сите глумат лудило, реагираат од О2 Иницијативата за „пренаселеноста“ на плажите во Охрид.

Истовремено наведуваат примери од  европските земји каде стриктно се спроведуваат законите во оваа област на туризмот.

„Во Португалија 70% од плажата мора да е оставена слободна, а 50% од должината од самата плажа мора да е слободен простор. Во Грција  50% и 70% во натура – подрачјата од плажата треба да се слободни и 4 метри од брегот мора да е слободен без лежалки, плажи потесни од 4 метри и помали од 150 м2 не може да се изнајмуваат.

Кај нас во единственото сè уште УНЕСКО – заштитено светско наследство, едно од само 38 во светот, се тера  ‘дива лига’, без правила и осет за заштита на природното и културно наследство. Јавно го повикуваме градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и неговата инспекција да постапат. И не, кај овие две плажи нема толкување што се смета за простор под концесија, многу е јасно!“, наведуваат од О2 Иницијатива.

Од иницијативата упатуваат повик и до медиумите да го прашаат градоначалникот зошто се оставаат концесионерите да го гледаат само својот профит, без да се санкционираат за непочитување на договорите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ