Касемиро од денеска и официјално е член на Интер Мајами. Клубот на Дејвид Бекам го потврди ангажманот на Бразилецот.
Искусниот играч за врска ќе им се приклучи на Лионел Меси и останатите ѕвезди во тимот од Флорида, со што завршија долгите шпекулации околу неговата иднина.
„Најважно за мене е секогаш да бидам дел од проект кој има победнички амбиции и желба за напредок. Начинот на кој клубот ми ја претстави својата визија, како и посветеноста што ја покажаа за да ме донесат, беа пресудни да ја прифатам понудата“, изјави Касемиро по официјалната промоција.
Бразилецот зад себе има богата кариера. Најголемиот белег го остави во дресот на Реал Мадрид, каде што беше еден од клучните играчи во генерацијата која освои пет трофеи во Лигата на шампионите. Во изминатите четири сезони настапуваше за Манчестер Јунајтед, а по истекот на договорот го напушти англискиот клуб како слободен играч.





