среда, 22 јули 2026

Муцунски – Рокас: Реформската агенда – клучен предуслов за забрзување на европската интеграција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски попландево остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

Објавено на

часот

Сподели

„Разговаравме за реформската агенда и реформските процеси, при што ја потврдив целосната посветеност на Владата на нивното спроведување како клучен предуслов за забрзување на европската интеграција, поттикнување на развојот и економскиот раст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“ напиша Муцунски за средбата на Фејсбук.

Муцунски на средбата изразил задоволство од поддршката на ЕУ во спроведеувањето на реформите.

„Изразив задоволство од континуираната поддршка на Европската Унија во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на стабилноста на земјата, како и подготвеноста за натамошно унапредување на нашето партнерство, засновано на заеднички вредности“, напиша македонскиот министер за надворешни работи за средбата со евроамбасадорот Рокас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ