Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степена.
Според УХМР, во петок, под влијание на влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.





