четврток, 23 јули 2026

Завршен концерт на меѓународен музички камп „Етно Македонија“

Во рамки на 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“, вечер во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи завршниот концерт на учесниците на 6. меѓународен музички камп  „Етно Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Ќе настапат млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија, со концертна програма создадена за време на кампот од традиционални песни и мелодии од нивните земји.

„Етно Македонија“ го организира Музичка младина на Македонија, како дел од глобалната Ethno програма на JM International, присутна во повеќе од 45 земји. Нејзината суштина е младите да се запознаваат преку музиката — не само да ги научат мелодиите едни од други, туку и приказните, јазиците и луѓето што стојат зад нив.

Влезот на концертот е слободен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ