четврток, 23 јули 2026

Во Непроштено комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година

Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на Македонците – жители на ова населено место.

Објавено на

часот

Сподели

Комеморацијата ќе се одржи во Спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на Иницијативниот одбор.

Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски кои се дел од 12-те Македонци киднапирани во 2001 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ