„Бевме во струмичко Дабиле за да добиеме информации директно од терен за штетите предизвикани од невремето кое вчера го зафати нашиот регион. Разговаравме со земјоделците и ги разгледавме погодените земјоделски површини, но извршивме увид и на патната инфраструктура која исто така беше зафатена од невремето“, наведува Јанков.
Тој информира дека благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, штетите на патните правци и јавната инфраструктура биле навремено санирани.
Јанков ги повика сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, со цел комисиите да излезат на терен, да извршат проценка на состојбата и да се обезбеди соодветна поддршка за погодените.





