четврток, 23 јули 2026

Левица: Новиот закон за студентски стандард носи репресија наместо подобри услови за студентите

Левица остро го критикува предлог-законот за студентски стандард, оценувајќи дека наместо да ги решава долгогодишните проблеми со кои се соочуваат студентите, тој воведува построги казни, правна нејаснотија и им дава преголеми овластувања на управите на студентските домови и на ресорниот министер. Од партијата сметаат дека законот е „дисциплински правилник маскиран како социјална реформа“, наместо документ што ќе го подобри студентскиот живот.

Објавено на

часот

Сподели

Според Левица, предложените измени не нудат решенија за партизацијата при распределбата на местата во студентските домови, недостигот од сместувачки капацитети, дигитализацијата и нискиот студентски стандард. Наместо тоа, велат, се предвидуваат значително построги санкции, со кои студентите би можеле да останат без право на сместување во сите студентски домови во државата во период од една до пет години.

„Со измените, забраната за користење студентски дом повеќе нема да трае најмногу една година, туку од најмалку една до дури пет години, и тоа не само во домот каде што наводно е сторена повредата, туку во сите студентски домови во државата. Притоа, во ист санкциски кош се ставаат целосно неспоредливи ситуации – насилство, дискриминација и намерно уништување имот се изедначуваат со долг за сместување, внесување алкохол, непријавен дефект или спречување контрола во собата. Со тоа се отвора простор за селективност и пресметка со независните и бунтовните студенти“, наведуваат од Левица.

Од партијата предупредуваат и дека предложениот систем за бодирање е правно неусогласен и може да доведе до нееднаков третман на студентите. Посочуваат дека во различни членови од законот се користат различни критериуми за утврдување на социјалниот статус, а со техничките измени постои ризик дел од ранливите категории студенти да останат надвор од предвидените квоти. Според Левица, законот не нуди сеопфатни решенија за студентскиот стандард, бидејќи не ги опфаќа клучните прашања како стипендиите, превозот, кириите, здравствената и психолошката поддршка, дигиталната опрема и подобрувањето на условите за живот и студирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ