„Имаме пријави за штети предизвикани од паднати бандери и дрвја врз автомобили, но најмногу за штети на земјоделски обработливи површини“, изјави секретарот на Општина Липково, Нухи Ајдини.
Од Општината ги повикаа сите граѓани кои претрпеле штети од невремето да ги пријават до формираната Комисија за проценка на штети.
„Барањата ќе бидат разгледани, а важно е при нивното поднесување да биде приложена потребната документација “, додаде Ајдини.
Комисијата ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изврши проценка на пријавените штети согласно законските процедури.





