четврток, 23 јули 2026

Владата согласно законот ќе ги обештети граѓаните кои настрадаа од невремето во Скопје

Граѓаните што претрпеле штета од невремето треба да ја пријават во општинските комисии по што Владата ќе постапи согласно законските процедури и ќе обезбеди обештетување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски појасни дека општините и нивните институции формираат комисии за проценка на штетите.

„Што се однесува до обесштетувањето на граѓаните кои што претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии, граѓаните кои што имаат штета треба да ја пријават таа штета кај комисиите, тие ќе направат проценка и веднаш во комитетот за проценка на штети ќе ги достават до владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обесштетиме тие што ќе пријават штета“, изјави Мицкоски.

Тој упати апел до граѓаните навремено да ги пријават настанатите штети за да може да се спроведе законската постапка за проценка и обесштетување.

„Апелирам до граѓаните оние кои што имаат претпрено штета да ги пријават тие штети, да излезе комисија, да ја констатира и да добиеме ние како влада повторно спецификација на тие штети за да можеме да ги обесштетиме“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ