Од Црвениот крст информираат дека негови екипи се на терен и активно спроведуваат активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжиат со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна.
„Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците од оваа состојба“, велат од Црвениот крст.
Оттаму апелираат до граѓаните, компаниите и сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата, нагласувајќи дека секоја донација, без оглед на износот, ќе помогне во обезбедување неопходна помош и полесно надминување на последиците од кризата.
Донациите во земјата може да се уплатат на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст, сметка: 300000001327966, банка: Комерцијална банка АД Скопје, назнака: „Помош за настраданите граѓани во Гостивар“
Црвениот крст објави и инструкции за донации во странска валута преку меѓународна банкарска уплата (IBAN и SWIFT), со цел акцијата да биде достапна и за донаторитe.





