четврток, 23 јули 2026

Тешко повреден 19-годишен мотоциклист во судир со „цитроен“ во Велгошти

Деветнаесетгодишен мотоциклист од Охрид се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа во охридската населба Велгошти.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 22 јули во 23:10 часот во СВР Охрид. На улицата „Живко Чинго“ во Велгошти се судриле патничко возило цитроен со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А. од Охрид, и мотоцикл педа со охридски регистарски ознаки, кој го управувал С.В.(19) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ