Како што соопшти МВР, денеска (23 јули) во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје при сообраќајна контрола во селото Студеничани сопреле патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки. При контролата било констатирано дека возилото го управувал 16-годишник, иако сè уште не се стекнал со право за управување со моторно возило.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





