четврток, 23 јули 2026

Приведени пет лица во Скопје, кај нив пронајдени дрога и прашкаста материја

Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 јули, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица, кај кои биле пронајдени и одземени наркотични и други недозволени материи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, приведени се Ф.К.(36), В.В.(43), С.М.(22), Н.М.(40) и В.Г.(43), сите од Скопје, затоа што при извршените контроли кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ