четврток, 23 јули 2026

Приведен 23-годишник од Слупчане по пријава за напад врз 18-годишната партнерка

Полициски службеници го лишиле од слобода 23-годишниот Ф.Р. од липковското село Слупчане, откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата 18-годишна партнерка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, случајот се случил на 22 јули во 18:30 часот во селото Слупчане, Општина Липково. Полициските службеници постапиле по претходна пријава од 18-годишната девојка, која пријавила дека по кратка расправија била физички нападната од својот партнер.

По целосното документирање на случајот, против Ф.Р. ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ