Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 22 јули во 13:12 часот во СВР Битола. Според пријавата, во селото Бистрица, И.Ј.(46) од село Браешани, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.





