четврток, 23 јули 2026

Тешко повреден прилепчанец откако со „цитроен“ излетал од патот кај Штавица

Триесет и петгодишен прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат Лагово–Витолиште, кај селото Штавица, прилепско.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 22 јули во 15:25 часот во ОВР Прилеп. Според информациите, патничко возило цитроен со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(35) од Прилеп, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ