четврток, 23 јули 2026

Минчев на средба со СИГМА: Продолжува партнерската соработка за реформата на јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што информира Министерството за јавна администрација (МЈА), било разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на реформските активности и дефинирањето на идните приоритети во рамки на новиот Акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

Министерот Минчев истакна дека континуираната координација и соработка со СИГМА претставува значајна поддршка во процесот на градење професионална, ефикасна и модерна јавна администрација, согласно европските стандарди и принципи на добро управување.

„Нашата цел е реформите во јавната администрација да бидат одржливи, засновани на јасни критериуми и мерливи резултати. Во тој процес, експертската поддршка и препораките на СИГМА се од особено значење за понатамошно унапредување на системот“, рече Минчев.

Соговорниците дискутираа за клучните приоритети во наредниот период, насочени кон обезбедување континуитет во реформскиот процес, подобро планирање на активностите и ефективно следење на постигнатиот напредок во согласност со европските принципи на добро управување.

Министерството за јавна администрација, како што нагласува, продолжува со редовна комуникација и партнерска соработка со СИГМА и останатите меѓународни партнери, со цел обезбедување квалитетни реформи кои ќе придонесат за поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ