четврток, 23 јули 2026

Шкендија минимално загуби од Браво во квалификациите за Конференциската лига

Македонскиот вицешампион Шкендија загуби со 2-1 на гостувањето кај Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, па пласманот во следната фаза ќе се бара на реваншот во Скопје за седум дена.

Објавено на

часот

Сподели

Тетовци имаа одличен почеток и поведоа уште во 10. минута. По досуден пенал, сигурен реализатор беше Ендрит Красниќи, кој донесе предност од 0-1.

Радоста на македонскиот претставник траеше кратко, бидејќи Браво израмни во 18. минута. По мешаница во шеснаесетникот, најдобро се снајде 19-годишниот Копатин и ја смести топката во мрежата за 1-1. Во второто полувреме словенечкиот тим направи пресврт. Во 56. минута Јаков Станковиќ ја искористи својата шанса и погоди за 2-1, резултат кој се покажа како конечен.

До крајот на средбата и двата тима создадоа неколку опасни ситуации, но нови голови немаше. Така, Браво со минимална предност ќе допатува во Скопје, каде следната недела ќе се игра реваншот што ќе го даде патникот во следното квалификациско коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ