Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само по превривање од најмалку 10 минути.
И водата во Крушево не смее да се пие оти има бактерии
Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода.
Објавено на
часот
Сподели
Во соопштението се наведува дека редовно се врши хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на присуството на хлор.
Препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп најавија дека ќе бидат во постојана комуникација со надлежните институции и навремено ќе ја информираат јавноста за состојбата.
Воедно, при испитувањето на водата од крајпатните чешми „Бензинска пумпа“ и „Св. Петка“, земени на 20 јули, исто така е утврдена бактериолошка неисправност, поради што тие не смеат да се користат како вода за пиење.





