четврток, 23 јули 2026

Делчево ќе го бара највештиот косач: Прв натпревар во косење трева со рачна коса

Општина Делчево го објави јавниот повик за учество на првиот натпревар во косење трева со рачна коса, кој ќе се одржи на 4 август во Делчево, на локација што дополнително ќе биде соопштена.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Општината, целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева, но и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикнат дружењето и натпреварувачкиот дух.

Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат вештини за косење со рачна коса. Секој натпреварувач ќе настапи со сопствена рачна коса, а натпреварот ќе се одвива според однапред утврдени правила и временски ограничувања.

Постигнатите резултати ќе ги оценува стручна комисија, која ќе ги вреднува брзината, квалитетот и уредноста на косењето.

-За победникот е обезбедена награда – рачна коса. Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 31 јули во просториите на Општина Делчево или преку лицето за контакт Кирчо Анастасов на телефон 079 329 300, информираа од Општина Делчево.

Од Општината ги повикуваат сите љубители на традицијата да се приклучат на настанот и да дадат придонес во зачувувањето на македонското културно наследство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ