четврток, 23 јули 2026

„Ахилов штит“ ќе ја чува Грција: Договор со Израел вреден 3,5 милијарди евра

Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра, како и набавка на неколку видови беспилотни летала и воени транспортни авиони Ц-390 од бразилската компанија „Ембраер“, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советот за национална безбедност на Грција, КИСЕА, даде првично одобрение за проектот претходно оваа година и денес ги одобри и договорите за набавка.

Грција планира да воспостави повеќеслоен систем за одбрана од балистички ракети, воздушни закани и беспилотни летала наречен „Ахилов штит“, со израелски радари и ракети од компанијата „Рафаел“ и „Израел аероспејс индустрис“ (ИАИ) во неговото јадро.

„Системот ќе биде готов и целосно оперативен во рок од 35 месеци од денес“, рече Дендиас, додавајќи дека грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот.

Грција моментално користи американски системи „патриот“ и стари руски системи „С-300“ за заштита на својот воздушен простор и планира да инвестира околу 28 милијарди евра во модернизација на своите вооружени сили до 2036 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ