петок, 24 јули 2026
Време

УХМР прогнозира ново невреме, пороен дожд, грмежи и силен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час.

Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 20 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Во делови од котлината се можни нестабилни временски услови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 26 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ