Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 23 јули 2026 година, во 18:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници постапиле по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавеното, С.Г. во домот ѝ упатувал закани на својата 65-годишна сопруга, а воедно кршел и предмети од покуќнината. По преземените мерки, тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.





