60-годишниот стратег се враќа на клупата на Брегалница, клуб кој веќе го водеше во минатото. Минатата сезона беше дел од стручниот штаб во улога на помошен тренер, а сега повторно ќе ја има главната одговорност.
Во својата тренерска кариера Кузманов ги предводеше и Слога Виница и Кит Го, каде што во еден период ја извршуваше и функцијата спортски директор. Новиот тренер ќе дебитира веќе утре, кога Брегалница ќе гостува кај актуелниот шампион Вардар во натпревар од првото коло. Дуелот во Скопје започнува во 17:00 часот.
Новата сезона во домашниот шампионат ќе биде отворена денеска со пресметката меѓу Тиквеш и Арсими, која исто така е закажана за 17:00 часот.





