Кукуреља се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во светот, од наредната сезона ќе настапува за Реал Мадрид. Фудбалските квалитети се неспорни, но приказната за неговата коса стана вирална.
Тој никогаш не го менува имиџот, а не ја ни врзува косата. Причината нема никаква врска со фудбалот, туку со неговиот најстар син Матео, кому му е дијагностициран аутизам.
Поради аутизмот, неговиот син потешко ги препознава луѓето, па токму препознатливата фризура му помага веднаш да го забележи својот татко меѓу 22-та фудбалери на теренот.
Кукуреља и неговата долгогодишна партнерка Клаудија Родригез и претходно отворено зборуваа за предизвиците со кои се соочиле по дијагнозата на нивниот син. Тие признаа дека со месеци барале одговори и минувале низ исклучително тежок период, но истакнаа дека токму Матео ги научил поинаку да гледаат на животот и да ги ценат малите, секојдневни моменти.





