понеделник, 20 јули 2026

Сребрeн медал за КУД „Илинден“-Битола на фоклорен натпревар во Истанбул

Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Битола освои сребрен медал на светскиот фолклорен натпревар „World Folk Dance competition“ кој синоќа заврши во Истанбул, Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Во конкуренција на 41 фолклорна група од светот, битолчани го освоија второто место и сребрениот медал во категоријата автентичен фолклор.

На светскиот фолклорен натпревар во Истанбул, ансамблот на КУД „Илинден“-Битола настапи со сценската адаптација „Русински мегдан“ подготвена од м-р Љупка Стефановска, орото „Машка копачка“ и женската песна „Седело Ѓуре дос“.

Светското признание е потврда дека македонската песна, игра и традиција продолжуваат достоинствено да се претставуваат на меѓународната фолклорна сцена, потврдија за МИА од КУД „Илинден“-Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ