вторник, 21 јули 2026

Скалони не издржа на прес-конференцијата, заплака и ја напушти салата (ВИДЕО)

Аргентина остана без светската титула по поразот од Шпанија во финалето, а селекторот Лионел Скалони тешко го поднесе неуспехот.

Објавено на

часот

Сподели

Аргентинскиот стратег не успеа да ја заврши ниту прес-конференцијата по натпреварот. Видно потресен, Скалони ја прекина средбата со новинарите, извинувајќи се бидејќи не можеше да ги задржи емоциите по загубеното финале.

Срцето ми гори, душата ме боли. Многу ми е жал, се извинувам“, изјави Скалони пред да ја напушти прес-конференцијата.

Аргентина беше на чекор до одбрана на титулата освоена во 2022 година, но голот на Феран Торес во продолженијата ѝ ја донесе светската круна на Шпанија и ги остави „гаучосите“ со сребрените медали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ