петок, 24 јули 2026

Собранието усвои мерки за спроведување на препораките од Народниот правобранител за 2025 година

Собранието денеска на продолжение на 100. седница усвои мерки за спроведување на препораките од Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година. Мерките беа усвоени без расправа, а ќе бидат доставени до Владата за спроведување.

Објавено на

часот

Сподели

На предлог на Kомисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, утврдени се мерки во повеќе области, меѓу кои и во областа правосудство. Се посочува дека Судскиот совет треба да презема навремени, конкретни и ефективни мерки при утврдување на одговорност за непочитување на законските рокови од страна на судиите. Обвинителствата, предистражните постапките да ги водат во разумен рок и странките навремено да се известуваат за завршување на постапките. Исто така да водат грижа за ефикасноста на постапката, преземајќи мерки спрема другите субјекти во постапката со цел тие да постапуваат навремено и согласно со наредбите и насоките дадени од страна на јавниот обвинител.

Во  областа казнено-поправни и воспитно-поправни установи се препорачува редовно реновирање и проширување на капацитетите во установите, обезбедување простор, хигиена, светлина, свеж воздух и соодветна опрема за исполнување на минималните стандарди за сместување, како и обезбедување редовна и навремена здравствена заштита преку доволен медицински кадар, достапни лекови и опрема, и ефикасна координација со надлежните здравствени институции, со посебен фокус на хронично болни лица.

Народниот правобранител утврди препораки и за казнено-поправните и воспитно-поправните установи, финансиите, избирачките права, социјалната заштита и сигурност, полициските овластувања, граѓанските состојби, правата на детето,..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ