петок, 24 јули 2026

МЗ: Прегледани 197 нови пациенти во ЈЗУ Гостивар, се намалува бројката на прегледи

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и седум прегледи во Ургентниот центар.

Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош, информираат од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ