петок, 24 јули 2026

Снег и на Пелистер

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“. Денеска снег падна и на Шар Планина.

Објавено на

часот

Сподели

Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен.

Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП „Пелистер“-Битола.

Инаку во Битола вчера во 17 часот беа измерени 26 Целзиусови степени, а денеска во истото време, во 17 часот измерени се само 12 степени и температурата на воздухот е во опаѓање.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ