петок, 24 јули 2026

НБ: ЕЦБ го потврди приклучувањето на Македонија кон иницијативата за инстант плаќања

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Македонија кон платформата клонот на ТИПС – соопшти Народната банка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведуваат, во своето обраќање, претседателката Лагард посочила дека по успешното приклучување на Босна и Херцеговина и Црна Гора, се очекува дека и Македонија ќе се приклучи кон платформата во ноември, заедно со Албанија и Косово, со што иницијативата за брзи плаќања ќе ги опфати сите земји учеснички од Западен Балкан.

Од Народна банка посочуваат дека фактот што претседателката на ЕЦБ го издвоила овој проект и јавно го потврдила очекуваното приклучување на нашата земја претставува значајна потврда за важноста на активностите што ги спроведува Народната банка за модернизација на домашната платежна инфраструктура и за нејзино усогласување со европските стандарди.

„Со приклучувањето кон клонот на ТИПС, Северна Македонија ќе стане дел од современата инфраструктура за инстант плаќања заснована на технологијата на европскиот систем ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement). Проектот ќе овозможи побрзи, посигурни и поефикасни плаќања во денари и евра за граѓаните и за компаниите и ќе претставува важен чекор во понатамошната интеграција на домашниот платен систем со европските платежни инфраструктури“, се наведиува во соопштението на Народна банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ