„До толку се очајни што срамот и воопшто го немаат. Ваквото создавање на паника и хистерија со умисла е подлежно на кривична пријава. Срам и очај поради лошите рејтинзи ги доведува СДС до ова дереџе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПMНЕ: Од СДС шират лаги за квалитетот на водата во Велес, за тоа и кривично се одговара
СДС го достигна дното за да ќари политички поен од граѓаните. Воајеризмот на СДС нема крај. Лани за пожарите, годинава за водата, следната веројатно нешто друго. Објавија извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Објавено на
часот





