петок, 24 јули 2026

Песков: Изјавите од Киев за граѓаните на Донбас се монструозни (ВИДЕО)

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека изјавите што ги даде новиот врховен командант на украинската армија, Михајло Драпати, за граѓаните на Донбас се монструозни.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој и сличните на него нема да им дозволат на претставниците на киевскиот режим да постигнат мирно решение, додаде Песков, пренесува Спутник.

„Што се однесува до Драпати, изјавата е монструозна. Таа покажува, пред сè, дека е нацист. А потоа, покажува дека тој и луѓе како него нема да дозволат никому од режимот во Киев да постигне мирно решение“, рече Песков.

Според него, со овие изјави Драпати ја потврдил исправноста на специјалната воена операција.

Песков додаде дека е уверен дека Драпати ќе биде повикан на одговорност за она што го кажал.

Драпати за граѓаните на Русија рече дека се „нација која нема право да постои“.

За граѓаните на Донбас изјави дека не се свесно население, туку луѓе кои не сакаат да работат и кои сакаат сè да добијат бесплатно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ