сабота, 25 јули 2026

Претрес во скопско Арачиново, пронајдени над два килограми марихуана

Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај 25 годишниот Б.Н. од Арачиново, скопско, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, при претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

„Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка“, информираа од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ