сабота, 25 јули 2026

Уапсен струмичанец, шверцувал мигранти со туѓи регистраски таблички, возел без возачка дозвола

Вчера вечер, во близина на крстосница од локалниот пат Богородица-Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 36 годишниот Д.К. од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела криумчарење мигранти, фалсификување исправа и безобѕирно управување со моторно возило, соопшти МВР.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„При контрола во возило фиат стило со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички не припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола“, се наведува во билтенот на МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
„По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ