сабота, 25 јули 2026

Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје денеска организира бесплатен панорамски разглед на градот. Поаѓањето е од Порта Македонија, во 10 часот со претходна најава.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот.

„Поаѓањето е од Порта Македонија, во 10 часот. Заинтересираните граѓани за бесплатниот панорамски разглед ќе можат да се пријавуваат на телефонскиот број: 071 250 419. Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации“, посочуваат од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ