Македонија не го започна најдобро Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Ријека и Опатија иако добро го почнавме мечот против Грузијците.
Македонските кошаркари имаа одличен втор период од мечот, поведовме и со девет поени разлика, но Грузија го сврте резултатот и на крајот дојде до убедлива победа од 83-66.
Најефикасен во нашиот состав беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени, Григориј Ѓорѓевиќ постигна 11.
Веќе утре го играме следниот натпревар, од 18 часот се среќаваме со селекцијата на Босна и Херцеговина.





