Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода 18 годишниот М.М. од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.
„По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава“, информира МВР.





