сабота, 25 јули 2026

На „Евзони“ за излез од Македонија се чека скоро два часа, за влез околу 30 минути

На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е час и 45 минути, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ