сабота, 25 јули 2026

15-годишник прободен со остар предмет, тврдел дека се повредил при игра со врсник

Петнаесетгодишно момче од Скопје со повреда нанесена со остар предмет во пределот на градниот кош било примено во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска еденчас по полноќ, откако од болницата известиле дека кај нив било донесено повреденото момче.

Во разговор со полициски службеници, малолетникот изјавил дека бил повреден во скопската населба Гази Баба од друг малолетник кого го познавал. Според неговата изјава, повредата настанала за време на игра, без намера некој да биде повреден.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ