сабота, 25 јули 2026

Млади македонски бригадири ќе пошумуваат шуми во Србија

Млади македонски бригадири од Велес, Штип, Гостивар, Скопје и Битола собрани во една македонска бригада од вкупно 34 бригадири денеска од Македонија замина за Нови Пазар во југозападниот дел на Србија каде во наредните седум дена ќе учествуваа на Младинската работна акција ОРА „Нови Пазар 2026“ на уредување на плажа на околното езеро и ќе пошумуваат.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските бригадири меѓу кои и 13 млади и тројца возрасни членови од Здружението на граѓани  „Акцијаш ветерани“ од Велес ќе работат на уредување на дел од плажите на езерото кое се наоѓа во близината на Нови Пазар, а воедно и ќе пошумуваат. Освен од Македонија има и бригада од домаќините од Србија, како и од Босна и Херцеговина, Словенија и Турција кои заедно ќе работат и ќе другаруваат.

Инаку неколу членови на ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес  и лани  веќе учествуваа на оваа акција во Нови Пазар која трае од 2019 година.Денеска пред поаѓање,  Аце Јосев акцијаш ветеран од ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес кој е и заменик командант на бригадата за МИА изјави дека се среќни што и годинава ќе учествуваа на оваа акција, ќе ја средуваат плажата и ќе пошумуваат. Како што рече, младите меѓу кои и од Македонија ќе стекнат бригадирски искуства за работа, ќе се дружат и ќе стекнат нови пријателства.

Младите велешки бригадири Љупче Ставрев, Карло Бондиќов, Дарија Андреевска, Теодора Мицелинова, ученици  од двете велешки училиште „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“, како и  останатите  учесници пред заминување на ОРА „Нови Пазар 2026“ за МИА изјавија дека повеќепати учествувале на локални акции за чистење и пошумување, но сега првпат ќе бидат учесници на една меѓународна акција. Тие очекуваат интересни денови на ОРА „Нови Пазар 2026“  испонети со работа, многу пријателства, а се надеваат и на ударничка значка.

Инаку на покана на организаторите на акцијата замина и Делчо Костов претседател на ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес,  кој како искусен акцијаш ветеран ќе даде свој  придонес во акцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ