„Дојдовме да поразговараме со членовите, со симпатизрите на ЗНАМ во Прилеп. Кога решивме да бидеме дел од власта, рековме дека не се бориме за функции, туку, првенствено, за подобрување на животната состојба на граѓаните. Токму и целта на овој караван е да поразговараме со граѓаните, да ги слушнеме сите позитивни, но и негативни критики со цел каков придонес може да даде ЗНАМ во своето работење како партиципиент во власта. Ќе разговараме на поголем број отворени теми и повеќе сегменти од секојдневното живеење во Македонија. Придружуван сум од добар дел на носителите на јавни и на извршни функции и, секако, со новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски кој ќе поразговара со прилепчани на актуелните теми во земјоделството“, рече Димитриевски.
На прашањето да го коментира ставот на единствената советничка од ЗНАМ во прилепскиот совет која од неодамна стана независна, Димитриевски рече дека првенствено и таа и пратеникот Миле Цеков имаат обврски што на таа позиција ги донела движењето ЗНАМ и на тој начин ги добиле гласовите од граѓаните.
„Лично, дамата – советничка не ја познавам. Жалам за нејзината одлука. Првенствено мандатот се добива преку политички субјект кој ја номинира и таа треба да им објасни на граѓаните и на членовите на партијата зошто решила да дејствува како независен советник. Како нова политичка партија, за нас, според мене, ова е својствено бидејќи не ги познаваме сите членови и симпатизери кои ни се приклучуваат. Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање#, рече Димитриевски.





