сабота, 25 јули 2026

Во Крушево останува забраната за водатата за пиење

Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Денешните резултати од анализата на првиот примерок земен во средата, по воведувањето на забраната, покажаа исправност, но водата не смее да се употребува додека не се потврди од сите три примероци, најрано до вторник, нагласува д-р Петар Оханесијан, раководител на одделението по хигиена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

„Анализата на првиот примерок земен во средата денеска покажа исправност на водата, но тоа не ја симнува забраната за некористење на водата во Крушево. Мора да се почекаат резултатите уште на два примероци, а тие ќе стригнат в понеделник и во вторник. Сите препораки остануваат на сила дека водата не е за пиење, ниту за домашна употреба“, вели Оханесијан.

Крушевчани се мачат и се снаоѓаат. Велат тешко е, полнат вода од блиски извори, користат пакувана, но се надеваат дека наскоро ќе биде исправна водата.

Од прилепскиот Центар ажурно работат на анализите.

„За да ја ажурираме работата, ние не ги чекавме конечните резултати од примероците во понеделникот, на 20 јули, туку веднаш во средата почнавме да земаме три последователни примероци од три дена- од средата, четвртокот и од, вчера, петокот. Засега водата е бактериолошки неисправна и има отсуство на резидуален хлор. Забраната ја воведе Агенцијата за храна и ветеринарство која е на сила. Иако полека водата го добива тој резидуален хлор, за да се повлече забраната ние мора да издадеме три резултати од трите последователни примероци. Во средата се зеде првиот, во четвртокот вториот, а вчера, во петокоте земен и третиот примерок од водата“, објаснува петар Оханесијан од ЦЈЗ од Прилеп.

Денешниот прв примерок покажа исправност, но мора да се почекаат резултатите од другите два примероцви, в понеделник и во вторник.

Центарот направи и анкета и констатираат дека нема нарушување на епиделиолошката слика во Крушево.

„Со одделението за епидемиологија веќе направивме епидемиолошка анкета во Крушево.Анкетата ја направивме со матичните лекари и нема навестување дека има појава на заразни болести поврзани со неисправноста на водата за пиење“, вели Оханесијан.

Во Крушево ќе мора да се почекаат сите резултати, најрано до втореник, за да конечно да се констатира иасправноста на водата за пиење во Крушево. Засега останува забраната за нејзина употреба.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ