сабота, 25 јули 2026

Скопското астрономско друштво организира набљудување на Месечината

Од 19:30 до 22 часот, во близина на фонтаната на плоштадот Македонија во центарот на Скопје, ќе бидат поставени телескопите на Скопското астрономско друштво преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината.

Објавено на

часот

Сподели

Скопското астрономско друштво вечер организира јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“.

Од 19:30 до 22 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината.

„Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на Месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат присутни за да одговорат на вашите прашања и да ве запознаат со интересни факти за ноќното небо“, велат од Скопското астрономско друштво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ