Првиот случај бил пријавен вчера попладне, кога во коритото на селската чешма во скопското село Копаница била пронајдена почината 55-годишната Ќ.А. од истото село. Според информациите од МВР, станува збор за лице со здравствени проблеми.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Претходно, истиот ден рано наутро, во соба од хотел на подрачјето на општина Центар бил пронајден починат 43 годишниот Р.Р.Ц., државјанин на Соединетите Американски Држави.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, и неговото тело е предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека се преземаат законски мерки за целосно расчистување на двата случаи.





