Активни се пожарите во општина Пробиштип, на потегот од селото Плешинци кон Стрмош, каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово, во атарот на селото Винце, каде е зафатена сува трева, како и во општина Петровец, на потегот од селото Горно Коњари кон Винце, каде огнот зафатил сува трева, грмушки и шума.
Под контрола е ставен пожарот над депонијата во Росоман, во општина Кавадарци, каде горела сува трева.
Во текот на денот, противпожарните екипи успеале да изгаснат осум пожари. Интервенирано е помеѓу селата Српци и Беранци во општина Могила, каде горело жито, кај Бојаџиина Чешма во Велес, во близина на „Генц Комерц“ и во селото Делогожда во Струга, во Студеничани, во селото Неготино во општина Врапчиште, кај Споменик Костурница во Куманово и на потегот од Миравци кон Петрово во општина Гевгелија.





